Зголемени цените на угостителските услуги

Од:

Цените на угостителските услуги во мај во однос на април годинава бележат зголемување за 1,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите „храна“ за 2,3 проценти, алкохолни пијалаци за 0,6 проценти и ноќевања за 0,4 проценти.

Во мај годинава во однос на истиот месец лани угостителските услуги се зголемени за 1,9 проценти. Во периодот јануари- мај годинава, во однос на истиот период лани, зголемувањето е за 0,7 проценти, а во однос на декември минатата година за 0,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Зголемени цените на угостителските услуги

За 0,5 отсто поскапеле угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Ана Ололовска

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

Ана Ололовска

Бизнисот бара ревидирање на мерките

Ана Ололовска