Зголемен прометот на горивата во трговијата на мало

Од:

Прометот во трговијата на мало, во септември годинава во споредба со истиот месец лани бележи зголемување групата во трговија на мало со автомобилски горива и тоа номинално за 10 отсто, а реално за 7,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,4, а реално за 7,7 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 4,4, а реално за 3,0) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 5,3, а реално за 5,9 отсто).

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов