Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ

Од:

Земјите членки на ЕУ загубиле 150 милијарди евра од неплатен данок на додадена вредност, поради неефикасност на фискалните системи, се наведува во студија на Европската комисија.

– Губењето 150 милијарди евра годишно останува неприфатливо за националните буџети, посебно кога од тоа 50 милијарди евра оди во џебовите на криминалци, шверцери и веројатно терористи, изјави еврокомесарот за финансики работи Пјер Московиси.

Тој порача дека е потребно „суштинско подобрување“ кое е можно единствено преку усвојување на рефромата на системот на ДДВ, која ЕК ја предложи пред една година.

Московиси ги повика земјите на ЕУ итно да ги усвојат реформите пред следните избори за Европскиот парламент во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот