Зажнејување ориз на традиционален начин во Кочани

Од:

Со зажнејување ориз на традиционален начин со срп, презентација на земјоделски машини, домашни ракотворби и јадења подготвени од ориз денеска продолжи 22. Меѓународна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

На оваа стопанско-културна манифестација денеска присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

– Производството на ориз во Република Македонија е со долга традиција на одгледување. Значењето е многукртано бидејќи ги задоволува во целост потребите на домашниот пазар, извозно е ориентиран и ангжира многубројна работна сила во производството и доработката. Производството на ориз бележи константен пораст на површините и количините од 2008 до 2013 година. Во овој период е забележано зголемување од околу 80 отсто, а на количните на произведен ориз за околу 50 проценти, истакна Димовски.

Нашиот производен потенцијал за ориз е голем, потенцира Димовски, и затоа Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство финансиски ја поддржуваат оваа земјоделска гранка.

– И годинава оризопроизводителите од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството ќе добијат субвенции за хектар заседена површина. Оваа Влада како и досега ќе продолжи да го поддржува оризопроизводството бидејќи покрај тоа што го стимулира интересот за зголемување на производството го стимулира и интересот за вложување во доработката и пласманот, рече Димовски.

За соработката со Турската агенција за координација и соработка-ТИКА, министерот Димовски истакна дека се работи на проект за развој на производството на ориз со кој, како што рече, се планира развој на виско продуктивни сорти ориз.

– Соработката со ТИКА, со науката и со оризопроизводителите ќе бидат можност оризот повторно да се издигнме на виско ниво, а на Кочани да му го вратиме името град на оризот, истакна Димовски.

Во рамки на 22. Меѓународна манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ во манастирскиот комплекс во село Горни Подлог се одржа богата културно-уметничка програма. Настапија ансамбли од Турција, Унгарија, Србија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

Момче од Кочани било измамено за 950 евра