Завршува рокот за предавање на зелка во регистрирани откупни центри и стекнување со право на дополнителна поддршка од 3 денари по килограм

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделци дека денеска 5-ти мај, завршува рокот за мерката „Директни плаќања за зелка од домашно производство предадена во период од 5 април до 5 мај 2020 година во регистрирани откупни центри“.

„Ова значи дека поддршка од 3 денари по килограм за предадена зелка ќе добијат сите земјоделци кои произведената зелка ја предадоа во регистриран откупен центар од 5- ти април до денеска. Сите количини предадени по овој рок, нема да бидат опфатени со оваа мерка.

Апелираме, земјоделците да ги чуваат документите кои им се издадени од откупните центри кои понатаму ке им служат како доказ за дополнителната мерка и финансиката поддршка од 3 денари по килограм предадена зелка кај регистриран откупувач.

Земјоделците за добивање на финансиска поддршка за оваа мерка ќе може да аплицираат како и секоја година до 25 ти декември“, соопштуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници