Зајакнувањето на рубљата е проблем за Русија: Од почетокот на војната двојно се зголеми во однос на доларот

Од:

Централната банка на Русија вчера повторно ги намали каматните стапки, по трет пат од почетокот на мај, со цел да го спречи зајакнувањето на рубљата.

Од дното достигнато во март по воведувањето на меѓународните санкции поради инвазијата на Украина, руската валута ја удвои вредноста во однос на американскиот долар.

Според „Фајненшл тајмс“, Банката на Русија ја намали каматната стапка од 14 на 11 отсто. Со тоа основната каматна стапка со 20 отсто на почетокот на април практично беше преполовена.

Како што потсетува „Пословни дневник“, руската централна банка со подигање на каматната стапка на дури 20 отсто се обиде да го стабилизира курсот кој беше под притисок по воведувањето на санкциите и потона и до 150 рубли за долар.

Според финансиските аналитичари и економисти, фактот што Банката на Русија ја намалува каматната стапка по трет пат значи дека монетарната власт е загрижена поради брзиот пораст на рубљата.

Силната валута не е само товар за локалната економија, која се очекува да потоне во двоцифрена рецесија оваа година, туку врши притисок врз државните финансии со намалување на вредноста на приходите од нафта и гас деноминирани во долари во локална валута.

Оваа недела курсот на руската валута зајакна на 51 рубља, што последен пат беше забележано во 2015 година. По веста за намалување на каматната стапка, курсот нешто ослабна на 60 рубли.

„Оваа необична апрецијација почна да претставува проблем за финансиската стабилност, а да не зборуваме за ризикот за економската активност“, рече Софија Донец, економист во Renaissance Capital, за ФТ.

Покрај тоа што го оштетува билансот на буџетот, силната рубља им го отежнува животот на руските извозници, додаде Донец. Затоа, наглото намалување на каматната стапка е неспорно предизвикано од зајакнувањето на валутата

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца