Заглави експропријацијата за автопатите на „Бехтел и Енка“: Речиси половина од земјиштето не е откупено

Од:

Експропријацијата на земјиштето на кое „Бехтел и Енка“ ќе ги гради автопатите од коридор 8 и 10Д тапка во место во последните два месеци иако според најавите имаше голема динамика на процесот.

Во новиот Извештај на Супервизијата за прогресот на изградба на автопатите Тетово-Гостивар, Гостива-Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп-Битола стои дека на 58% од земјиштето е завршена екпропријацијата, а со истите бројки супервизорот излезе и во декември кога го објави извештајот за октомври.

Во Извештајот за ноември и декември стои дека изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ работел главно на проектот за експропријација, геотехнички испитувања и спецификации за автопатот, но сепак до почетокот на градбата остануваат уште 42 отсто за експропријација.

Средствата за експропријација кои се проценуваат на околу 300 милиони евра. За земјиштето што се експроприра државата ќе плаќа пазарна вредност која се пресметува врз основа на данокот на имот што го плаќа сопственикот на недвижнината.

Жители од гостиварските села Долна и Горан Бањица веќе изразија незадоволство од спроведувањето и постапките за изградба на Коридорот 8 кој според најавите минува низ нивните атари. Тие ја информираа јавноста дека почнале да добиваат покани за да подигнат решенија за одземање на земјиште, а претходно не биле информирани за какви градежни работи ќе се користи. Дел од нив сметаат дека цената за експропријација од 650 денари за метар квадратен е пониска од реалната.

Динамиката на процесот е побрза кај геотехничките испитувања. „Бехтел и Енка“ до крајот на декември испитал 33% од теренот, а му останува уште 67 отсто.

Во извештајот се наведени и сумите кои Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта ги префрлија на сметката на „Бехтел и Енка“ во периодот од 26 април до 29 декември.

На 26 април се префрлени 118 милиони евра, потоа на 23 јуни исплатени се 53 милиони евра, на 28 јули на сметката на „Бехтел и Енка“ легнале 7,2 милиони евра, на 10 август исплатени се 3,4 милиони евра, на 2 октомври легнале 3,5 милиони евра, додека на 9 ноември ЈПДП исплатило 3,6 милиони евра. Во декември 2023 година Министерството за транспорт и врски префрлил нови 46 милиони евра за проектот „Бехтел и Енка“.
Вкупната сума досега која ЈПДП ја исплатило кон „Бехтел и Енка“ е околу 235 милиони милиони евра.

Оваа година конзорциумот „Бехтел и Енка“ од државата ќе добие 250 милиони евра директно од буџетот, за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола, објавено е во програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10Д.

Министерство за транспорт и врски како капитален расход на изведувачот преку ЈП „Државни патишта“ ќе му исплати износ од 15.100.000.000 денари во текот на 2024, а во актот се вели дека средствата се проектирани согласно договорот со „Бехтел и Енка“ постигнат во март минатата година. Динамиката на исплатата ќе ја одредува надзорниот консултант.

Во извештајот на консултантите е наведено дека ќе се градат вкупно 109 километри автопат за кој ќе се потроши 1,1 милиони тони асфалт, 1,2 милиони м3 тампон, 620.000 м3, 10 милиони кубици за пополнување, ќе се ископаат 21 милион кубни метри земја, ќе се изградат мостови со вкупна должина од 4,5 километри, како и 24 подвозници и 34 надвозници.

Би можело да ве интересира

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

Орце Костов

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Наместо за 10, автопатот Кичево-Охрид ќе се изгради за 12 години: Собранието го поддржа предлогот за нов рок

Горан Наумовски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов