Заев: Поддршката на туризмот даде одлични резултати, годинава предвидени 31.000.000 денари

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска на својата фејсбук страница напиша дека поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети.

-Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од шест отсто за домашните туристи и од девет проценти за ноќевањата, во споредба со 2019 година. Во Берово имаме покачување од 29 отсто на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37 проценти во однос на истиот период 2019 година, наведува Заев.

Според него, отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот, благодарение и на зелените коридори кои земјава ги воспостави со Србија и Албанија.

-Ова покажува дека имаме потенцијал за развој на еко-туризмот и руралниот туризам.
Во 2021 продолжуваме со интензивна поддршка преку Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година. Предвидени се 31.000.000 денари, истакнува премиерот и во продолжение го споделува линкот од владината програма во однос на поддршката.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска