Заев: Нема конфликт на интереси со „Фероинвест“, Анѓушев не е управител на фирмата

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема судир на интереси во случајот со фирмата „Фероинвест“ чиј сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев, а која учествува на тендерот на ЕЛЕМ за гумени траки за потребите на РЕК Битола.

– Не гледам конфликт на интереси затоа што тој не е управител на фирмата. Фирмата „Фероинвест“ треба да продолжи да работи. Ако одлучил Заев да му даде преку својот мандат вицепремиерско место на господинот Анѓушев, повикувајќи го како претставник од стопанските комори, тогаш за мене е важно што според Законот има разграничување и да се знае кога има судир на интереси и кога нема судир на интереси, рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на затворот во Идризово.

Тој посочи дека фирмите во Македонија мора да работат, но важно е да се разграничи да нема влијание при одлучувањето.

Во однос на тоа дали вицепремиерот Анѓушев требало да поднесе пријава до Владата и до Антикорупциската комисија дека негова фирма ќе учествува на тендерот, но оти тој нема да влијае врз тендерската постапка, премиерот Заев посочи дека постапката за овој тендер на ЕЛЕМ е почната многу порано пред Анѓушев да стане вицепремиер.

– Знам дека постапката е почната многу порано пред тој да стане потпретседател на Владата, а знам дека ваквите постапки се поднесуваат во моментот на одлуката на конкурирање или објавувањето на самите тендери, така што она што е важно е дека законот мора да важи еднакво за сите и да се почитуваат прописите подеднакво за сите, без разлика дали се работи за премиер, вицепремиер, министер, директор или кој било вршител на јавна функција, истакна Заев.

Коментирајќи ги мислењата дека од позиција на вицепремиер, Анѓушев може да влијае негова фирма да биде избрана на тендерот, премиерот Заев нагласи дека решението за ваквите работи лежи во транспаретноста.

– Транспарентност до крај за да се знае дали некој може да влијае или не. Постои Закон за судир на интереси, Закон за антикорупциско делување или слично и преку водење на вакви транспарентни постапки тоа се докажува. Впрочем гледам дека човекот Ви е отворен комплетно за изјави, Ви ги дава сите свои ставови и верувам дека до крај ваквите постапки ќе може да бидат разрешени, потенцира премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски