Заев и Тевдовски на годишната средба на ЕБОР

Од:

Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски учествуваат на редовните годишните средби на Европската банка за обнова и развој во Сараево.

Како што најави владината прес-служба, премиерот Заев денеска ќе учествува на церемонијата на отворање на Годишното собрание на ЕБОР, а ќе се обрати и на панелот на високо ниво на лидери од шесте земји на Западен Балкан.

Главна тема на годинашниот бизнис-форум ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст“, а агендата ќе покрие широк опсег на области релевантни за сите држави во кои што работи ЕБОР како: инвестиции, миграција, туризам, дигитизација. Ќе се одржат и дискусии за регионални прашања со фокус на можностите за инвестиции во Западен Балкан.

Во тек на на 28.Годишен состанок на Одборот на гувернери, инвестициска конференција и бизнис-форум ЕБО.Р се очекува присуство на повеќе од 2 000 претставници на меѓународната бизнис-заедница, инвеститори, гувернери на ЕБОР, министри за финансии, економисти, благајници или централни банки, претставници на граѓански организации.

Европската банка за обнова и развој, како меѓународна финансиска институција што поддржува проекти во над 30 земји од светот, минатата година инвестира 1.1 милијарда евра во државите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

A1on

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти