За заостанат долг од 1 денар му наплатиле 200 евра

Од:

За долг од 1 денар кон „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), пензионерот Крсте Серафимов од Скопје треба да плати 12.439 денари. Од компанијата го дале Серафимов на извршител за заостанат долг од минататото. Извршителката Моника Муча од Скопје го активирала налогот за наплата, преку кој му е определена забрана за една третина од пензијата и активиран налогот за исплата на 12.439 денари.

БЕГ го ангажирал адвокатското друштво „Чукиќ и Марков“, па преку нотарот Снежана Сарџовска на Серафимов од пензијата му се симнати 12.439 денари за нивните услуги да го спроведат извршното решение за долг од 1 денар.

Во структурата на давачки за наплата на побарувањето од 1 денар долг влегуваат 277 денари на име администрирање, 4.182 денари за извршни дејства, 400 денари за награда (за извршителот), 875 денари на име ДДВ, 240 денари за материјални трошоци, 1.534 денари за адвокатски трошоци за застапување доверител.

На ова се засметува и камата во износ од 722 денари на процесни трошоци пресметана од денот на извршување до денот на наплата на долгот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов