Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното греење во Скопје што ќе важи од следниот месец, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Одржавме состанок со трите државни компании на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија кои реферираа како се одвива стартот на грејната сезона и кои се предизвиците со кои се соочуваат во овие изминати 10 дена. Иако е факт дека температурите се потопли од очекуваните, сепак во секоја грејна сезона постојат слаби точки кои се од техничка природа, а дел од нив се и поради човечки фактор, односно не се платени сметките за потрошена струја од страна на советите на зградите. Но, тоа се традиционални проблеми кои се случуваат и кои треба од година во година да се намалуваат преку зголемување на свесноста и кај операторот и кај потрошувачите, изјави Бислимоски за МИА.

Нагласи дека претходно БЕГ, а сега и ЕСМ дистрибуција на топлина се соочи со специфична ситуација да не им биде дозволено на екипите да користат дел од инфраструктурата со која со топлинска енергија се снабдуваат одредени корисници на Водно.

-За тоа има соодветни правни постапки. Сепак, во моментов проблемот е решен и снабдувањето се одвива непречено, рече Бислимоски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски