За две години почеток на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка

Од:

За две години треба да започне изградбата на железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка долга 36 километри, која е дел од Коридорот 8. Договорот за изработка на главниот проект за оваа делница е потпишан денеска со германската консултантска компанија Обермаер од Минхен.

Со потпишувањето на договорот се предвидува во рок од 18 месеци да се изготват сите потребни проекти, а потоа во рок од 6 месеци да се избере и градежната компанија која ќе ја гради оваа делница. За целокупната проектна документација е обезбеден грант од ЕБОР во висина од 2,4 милиони евра.

Покрај ова, во тек се активностите околу изборот на градежна компанија која ќе ја гради делницата од Куманово до Бељаковце долга 30 километри. Преквалификувани се девет компании кои до 16 септември треба да ги достават своите понуди. Се очекува во текот на годинава да биде избрана градежната компанија за оваа делница.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, со денешното потпишување на договорот направен е уште еден чекор кон реализација на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија.

– Планирано е оваа година да се склучи договор за првата делница од Куманово до Бељаковце, а согласно денешниот договор  до 2015 година треба да имаме компанија за втората делница од Бељаковце до Крива Паланка. За последната делница од Крива Паланка до Бугарија ја имаме доставено целокупната документација до Европската комисија и чекаме одобрување. Очекуваме во текот на оваа година да се распише повик за ангажирање на консултантска компанија која ќе го изработи проектот за оваа делница, истакна Јанакиески.

Претставникот од кацеларијата на Обермаер во Грција, Јоханес Киру вети дека како компанија ќе сторат се проектот да заврши во предвидениот рок.

– Ќе дадеме се од себе бидејќи знаеме колку е важен овој проект за самата држава и дека Европската унија работи на тоа да ја зајакне железничката инфраструктура во Македонија. Ќе ги обезбедиме најдобрите услуги по германски стандарди, рече Киру.

Динамиката на реализација на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија зависи од обезбедувањето на финансиските средства, но очекувањата на Министерството за транспорт и врски се дека таа треба да заврши во периодот од 2020 до 2022 година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски