За Дојче банка нема криза

Од:

Дојче банка соопшти вчера дека покрај спротивните предвидувања во првиот квартал годинава оствари нето профит од 1,66 милијарди евра, што е дури петина повеќе во однос на истиот период од претходната година, кога профитот изнесуваше 1,4 милијари.

Во соопштението на најголемата германска банка се наведува дека бруто профитот во првите три месеци во 2013 година, е изненадувачки зголемен за дури 28 проценти и изнесува 2,414 милијарди евра.

Во првиот квартал на минатата година бруто профитот беше 1,88 милијарди евра, а аналитичарите на крајот на минатата година предвидуваа дека во првото тримесечие на 2013 година, тој ќе падне на 1,79 милијарди евра.

Благодарение на доброто работење, Дојче банка соопшти дека ќе изврши докапитуализација со 2,8 милијарди евра, поради што на пазарот ќе се пуштат 90 милиони нови акции.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !