За 2,9 проценти зголемен бројот на туристи во април годинава

Од:

Во државава во април годинава се регистрирано 85.017 туристи и 155.238 ноќевања, што во однос на април лани претставува пораст од 2,9 отсто, односно 1,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на домашни туристи во април годинава во однос на април минатата година е зголемен за 6,5 отсто, а на ноќевањата за 3,3 отсто, а кај странските за 1,5 проценти, а ист е процентот и на регистрирани ноеќавања.

Во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,4 проценти, кај домашните туристи за 5,4 проценти, а кај странските за еден процент. Во првите четири месеци споредено со истиот период од минатата година е регистрирано зголемување на ноќевањата за 0,8 проценти, кај домашните за 4,4 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.

Најмногу туристи имало од Турција, по која следат туристите од Бугарија, Грција, Германија, Косово, Полска, Кина, Италија,…. Најпосетени дестинаци биле Скопје и езереските места, по што следат планинските, бањските и останатите локации.

Би можело да ве интересира

Само 13% од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

Ана Ололовска

Во Преспа втор туристички саем

Ана Ололовска

Втор туристички саем во Преспа

Ана Ололовска

Зголемен бројот на ноќевања на посетители од Северна Македонија во Солун

Ана Ололовска

Сомелиери за сирење и вино имаме, но угостителите не се заинтересирани да ги ангажираат

Ана Ололовска

Ќе се уредува нова плажа на Дојранското Езеро во Сретеново

Ана Ололовска