Цените на угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,1 процент, а за 0,3 проценти во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување има во групите „храна“ за 0,1 процент, „алкохолни пијалаци“ за 0,1 процент и „безалкохолни пијалаци“ за 0,1 процент.
Во периодот јануари-март споредено со истиот период минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 0,5 проценти, а во однос на декември лани останаа на исто ниво.