Вучиќ: Речиси сите економски договори на Србија во последната година се со кинески компании

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска, на средбата со својот кинески колега Ли Кечијанг, изјави дека речиси сите економски договори, што Србија ги потпишала во текот на последната година, се со кинески компании, и замоли за помош за решавање на проблемите на задолжениот српски рударски комплекс Бор, пренесоа српските медиуми.

Вучиќ го покани Ли Кечијанг во декември да го означи стартот на градежните работи на железничката линија Белград-Будимпешта, кога кинескиот премиер ќе биде во посета на Унгарија.

Српскиот премиер изјави дека Србија со голема радост се согласила да учествува во проектот „Еден појас – еден пат“, што, според него, не само што ги решава проблемите на патната, железничката и аеродромската инфраструктура, туку е и начин за осигурување на мирната иднина, во која различните народи и различните религии ќе можат да се разбираат и да живеат заедно.

Ли Кечијанг изјави дека Србија и Кина се пријатели, кои си веруваат и се потпираат еден на друг. Тој изрази надеж дека соработката на двете земји ќе донесе економска печалба и дека може да се прошири на нови области.

Тој додаде дека нема пречки да се воспоствување директна авиолинија од Белград до некои од кинеските градови, и искоментира дека овие летови ќе бидат многу корисни.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Почнува пробното производство на српската „панда“

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор