Втор Парламентарен форум за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност и клима

Од:

Во хотелот „Александар Палас“ денеска ќе биде одржан Парламентарен форум за Југоисточна Европа на тема енергетска ефикасност и клима, организиран од страна на Отворениот регионален фонд на GIZ за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност.

Фокусот на овогодинешниот Форум се најдобрите парламентарни практики за енергетска ефикасност во Југоисточна Европа и креирањето политики за намалување на енергетската сиромаштија во регионот.

Настанот треба да претставува платформа за размена на знаење и најдобри практики меѓу претставниците на Прламентите од ЈИЕ, вклучувајќи ја и Македонија.

На настанот ќе присуствуваат претставници од Прламентите, ресорните Министерства и Организациите од граѓанското општество од земјите од ЈИЕ.

Настанот ќе го отворат Хари Локвенец, претседавач на Комисијата за одбрана и член на Комисијата за економија во Македонија и Давид Оберхубер, директор на GIZ за Македонија и Косово.

Форумот ќе се одржи веднаш по Парламентарниот пленум на Енергетската заедница.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он