Втор ден протести на производителите на праски во Росоман

Од:

Производителите на праски во Росоман денеска повторно, со исфрлање праски, протестираат незадоволни од откупот на родот.

Земјоделците од овој регион, кој произведува најмногу праски во државата, испорачаа неколку барања, меѓу кои ослободување од плаќање закупнина за користење државно земјиште и воден надоместок, како и целосна исплата на штетата од мразот.

Игор Милошевиќ, претседател на Здружението на овоштари „Росоманска долина“ се огради од политичките партии и рече дека како здружение се залагаат за правата на земјоделците.

– Мерката од шест денари по килограм да трае цела сезона без ограничување на откупната цена од преработувачките центри на индустриска праска, рече Милошевиќ.

Тој додаде дека се бара и ослободување на земјоделците од данокот од два процента од парите од приход добиен од земјоделски производи, како и нафта по субвенционирана цена.

Земјоделците денеска очекуваат да се сретнат и со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници