Вработените во Шумската полиција ќе потпишат колективен договор за подобри услови за работа и повисоки плати

Од:

Потпишувањето на Колективниот договор и зголемувањето на платите на вработените во Шумската полиција беа тема на разговор на денешната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставници од Шумската полиција.

На средбата, инфомрираат од МЗШВ, беше договорено да се формира работна група за да се подготви Колективен договор што ќе придонесе за поголема ефикасност и зголемување на платите на вработените во Шумската полиција.

– Во Работната група ќе учествуваат претставници од Независниот синдикат на полицијата, Синдикатот на УПОЗ, како и претставници од МЗШВ. Документот кој што ќе произлезе ќе биде потпишан од двете страни, соопшти МЗШВ.

На денешниот состанок се расправало и за материјално техничките услови за работа на Шумската полиција.

– Во таа насока, веќе се спроведува процедура за обезбедување финансиски средства за купување на униформи за шумската полиција, а во фаза подготовка е и тендер од еден милион денари за внатрешно уредување на просториите на шумско-полициските станици. Воедно, МЗШВ обезбеди 60 персонални компјутери за шумско-полициските станици и набави сообраќајни елеци за вработените во Шумската полиција, потенцират од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Со моторна пила им се заканувале на шумски полицајци, четворица приведени

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар поради примање поткуп

Електричари и текстилци се шумочувари, шумската полиција нема интернет, возила и ИТ опрема, а кубуриме и со инспектори

Ана Ололовска

МЗШВ потпиша Колективен договор, по 22 години се регулираат правата на Шумската полиција

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хоџа: По 12 години шумските полицајци добија чизми, а по 22 години ќе им се зголемат и платите

Ана Ололовска

Шумската полиција во Штип за 10 дена фати две групи дрвокрадци

А1он