МЗШВ потпиша Колективен договор, по 22 години се регулираат правата на Шумската полиција

Од:

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беше потпишан Колективен договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените.

Како што рече министерот Арјанит Хоџа, со Колективниот договор воедно прв пат системски ќе се регулираат правата и обврските за личен доход на овластените службени лица во Шумската полиција што треба да е мотив повеќе во бескомпромисната борба против незаконската сеча.

-Прв пат се регулира и правото за добивање 30 отсто додаток за компонента, ниво за овластени службени лица поради видот, природата и сложеноста на работите, тежината и посебните услови во кои тие се извршуваат, подвлече Хоџа.

Со Колективниот договор за сите вработени во Министерството се регулира правото за надомест за дополнителни овластувања и се регулира надоместот за работа во комисии надвор од описот на работното место.

-Колективниот договор ќе ги подобри правата на вработените, но во исто време ќе овозможи поголема ефикасност и мотивираност во извршување на нивните секојдневни работни обврски. МЗШВ и Владата и во услови на глобална пандемија прават максимални напори да ги подобрат условите за работа во Министерството, рече Хоџа.

Според претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Пецо Грујовски, со Договорот конечно финишира неколкугодишната акивност на колективното договарање, а најбитно од се е дека со него се регулираат платите.

Грујовски напомена дека ова е прво Министерство кое потпишува Колективен договор на ниво на работодавач.

– Со Договорот се регулираат сите отворени прашања. Се надевам дека министерот, како работодавач, доследно ќе ги почитува и како што веќе нагласи, ова е дополнителен стимул за извршување на задачите на сите вработени, посебно на Шумската полиција. Со Договорот се унапредени многу права, особено во делот на платите, подвлече Грујовски.

Независниот синдикат на Шумската полиција изрази огромна благодарност до Хоџа, зашто тој, како што беше речено, е првиот министерот кој по 22 години направил ваков, многу голем чекор за правата и за повисоки плати на припадниците на Шумската полиција.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп