Вработените на „Секјуриком“ ќе земат плата и за септември

Од:

Јавното обвинителство соопшти дека е одмрзната сметката за исплата на платите на вработените во „Секјуриком“.

„Со оглед на тоа што два члена на групацијата ‘Секјуриком’ немаат доволно парични средства за целосна исплата на бруто-платите, а со цел да не се загрози егзистенцијата на вработените и на нивните семејства, неопходно е од замрзнатата денарска сметка на Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком мултисервис интернационал“ ДООЕЛ Скопје да се трансферираат парични средства на замрзнатите сметки на другите две правни лица за исплата на бруто плати за месеците јули, август и септември 2018 година“, прецизираат од Обвинителството.

Пред две недели Обвинителството соопшти дека е одмрзната сметката за исплата на платите на вработените за јули и август.

Сметката беше замрзната поради истрагата против сопственикот на фирмата, Волфганг Гампер, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со 11 милионскиот тендер. Во постапката на Обвинителство е опфатен и ексдиректор на владината Служба за општи и заеднички работи, Васе Доневски, кој беше уапсен по барање на Финансиската полиција. „Секјуриком“ е фирмата која беше долгогодишен партнер, добавувач на Владата и министерствата за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Таа беше набавувач за сите услуги, од чистење и одржување хигиена, преку обезбедување, до тековно одржување на објектите на Владата.

Би можело да ве интересира

Вработените од „Сјекуриком“ ги бараат заостаните плати пред Владата

Наум Локоски

Одмрзната сметката на „Секјуриком“ за да им се исплатат заостанатите плати на вработените

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Вработените од „Секјуриком“ бараат прием во Владата поради неисплатените плати

Ана Ололовска

Обвинителството поднесе обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Наум Локоски

Распишана меѓународна потерница по сопственикот на „Секјуриком“

Ана Ололовска

Секјуриком: Работиме согласно законската регулатива и ги почитуваме договорите со вработените

Ана Ололовска