Вознијак: Биткоинот е подобар и од злато

Од:

Стив Вознијак, ко-основачот на Епл, верува дека Биткоинот е подобар од златото и од американскиот долар, кој го нарече „лажен“ бидејќи владата во секој момент може да испечати уште.

Вознијак говореше на конференцијата Money 20/20 во Лас Вегас каде што кажа дека тоа што ќе има ограничен и однапред познат број на биткоини ја прави валутата стабилна.

– Постои одредена, конечна сума на биткоини што ќе постојат, рече Вознијак објаснувајќи дека владата може да одлучи да испечати повеќе пари поради политички причини поради што американскиот долар го нарече „лажен“, додека за Биткоинот рече дека е вистински и реален.

Тој додаде дека и златото не мора да значи дека има конечна сума, бидејќи луѓето откриваат нови начини за ископување.

– Златото се ископува и ископува. Можеби постои конечна сума на злато во светот, но кај Биткоинот тоа е јасно математички регулирано, а никој не може да ја промени математиката, смета Вознијак.

Тој напомена дека за него Биткоин е интересен од технолошката и математичката гледна точка, а не од неговата финансиска страна, иако беше еден од првите кои го оценија Биткоинот како валута.

Би можело да ве интересира

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Руските компании почнаа да користат биткоин поради западните санкции

Горан Наумовски

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки

ВИДЕО: Биткоинот првпат во историјата ја надмина границата од 100 000 долари

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра