Волстрит Журнал: Русија однесе победа на пазарот на нафта

Од:

Русија триумфираше на светските пазари на суровини во последните денови, бидејќи продава нафта над горната граница на цените поставени од Западот, пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на информации од компанијата за собирање податоци за суровини и материјали Argus Media.

„Русија победи во последните неколку дена во битката за влијание на светските пазари на нафта, кога цените на најпосакуваната нафта во земјата се тргуваа над горната граница на цената што ја постави Западот“, посочува весникот.

Според проценките на Argus Media, за првпат цената на водечката сорта руска нафта „Урал“ надмина 60 долари за барел, првпат откако САД и нивните сојузници воведоа антируски санкции во декември 2022 година.

Како што истакна Волстрит журнал, порастот на цената на нафтата сугерира дека Русија успеала, „барем делумно“ да се прилагоди на санкциите.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Украина и Русија

ВИДЕО: Масовен украински напад на Крим

Седум клучни точки од договорот меѓу Украина и САД

Војната не може да заврши толку брзо колку што сака Трамп, порача Кремљ

ВИДЕО: Украина нападна фабрика за оружје на 300 километри од Москва

Катерина Ѓуровски