Во Македонија во вториот квартал годинава имало 6.016 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголем број слободни работни места, 1.629, има во групата занимања ракувачи и составувачи на машини и постројки.
Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.06 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места од 1,73 проценти.