Во Венецуела повторно расте цената на нафтата

Од:

Во пресрет на одлуката на САД за враќање на санкциите кон Иран и продолжување на економската криза во Венецуела, цената на нафтата повторно расте и денеска изнесува 76 долари за барел.

На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна за 80 центи и изнесува 75,67 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по 84 центи повисока цена, која изнесува 70,56 долари.

Цените ја поттикнаа кризата во Венецуела, главниот извозник на нафта, која го засени зголемувањето на производството во САД за повеќе од една четвртина во текот на изминатите две години – на 10,62 милиони барели дневно, наведуваат економските аналитичари.

Американската нафтена компанија „Конокофилипс“ одлучи да го преземе главниот имот на венецуелската нафтена компанија ПДВСА на Карибите со цел во арбитражната постапка да добие надомест од две милијарди долари.

Овој потег, според аналитичарите, би можел дополнително да влијае на веќе намаленото производство и извоз на моќната венецуелска компанија.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Андоновски за обвинувањето од Венецуела: Авторитарен режим кој лиферува чинформации без докази

Катерина Ѓуровски

Венецуела обвини: Не можат да ги пребројат гласовите поради нападите од Северна Македонија

Предраг Петровиќ

Шојгу со поддршка за Венецуела во отпорот против САД

СИРИЗА реагира на одлуката на Владата за признавање на Гуаидо за привремен претседател на Венецуела