Во Велика Британија постојат седум социјални класи на луѓе

Од:

Луѓето во Велика Британија се распределени во седум социјални класи, а не само во три како што тоа се сметаше досега, покажува истражувањето што е направено за Би-Би-Си.

Во истражувањето учествувале над 160 илјади луѓе и ова е најголемиот ваков проект што досега е направен во земјата.

Досегашната традиционална поделба на работничка, средна и висока класа, определена според професијата, богатството и образованието, според истражувачите е премногу едноставна и таа сугерира дека класите имаат три димензии-економска, општествена и културолошка.

Новата распределба на луѓето кои живеат во Велика Британија тргнува од економскиот капитал, кој го сочинуваат приходот, заштедите во банка и вредниста на куќата, или станот, потоа од т.н. социјален капитал, во кој спаѓаат бројот и статусот на луѓето кои се познаваат, како и од културолошкиот капитал кои се определува според културолошките интереси и активности.

Врз основа на овие мерила истражувачите определиле седум класи. Првата ја сочинува елитата, од најпривилегираните луѓе во општеството, исклучени од сите други по богатството, па тие имаат и највисоко ниво во сите три водови на капитал по кои е правено распределувањето.

Втората е етаблирана средна класа која е втора по своето лично богатство и тоа е најбројната во британското општество. Третата е техничка средна класа, која е мала по број и нова група на луѓе која е просперитетна, но изолирана социјално и културно.

Како четврта класа е определена групата на новозбогатени вработени, сите млади луѓе, со средно ниво на својот економски капитал, но мошне активни општествено и културолошки.

Петата класа е традиционално работничката, а шестата е составена од луѓе во службите и професиите кои сега се појавуваат и кои се во залет. Составена е од урбани млади луѓе, не се богати, но се силно вклучени во социјалната и културната сфера и на седмото, последно место е т.н. несигурен пролетеријат каде се најсиромашните во британското општетство.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон