Источниот регион има убави села, планини и езера, но недостасува човечкиот фактор за да се развие руралниот турзима, е оценката на експертите кои денеска заедно со претставници од 11.те општини во источно планскиот регион дебатираа и ги мапираа потенцијалите за развој на туризмот.
Виолета Јанкова, туризмолог, истакна дека проектот се реализира од страна на УНДП, Министерството за локална самоуправа, а поддршка има и од Центарот за развој на Источно планскиот регион.
– Значи со добро едицирани луѓе, со добар капитал може да се направи многу. Мапирањето ќе помогне во самото тоа. Секој еден инвеститор кој што сака да знае кога ќе отвори хотел или туристички комплекс дали има доволно кадар да го вработи. Меѓутоа тој кадар треба да биде едуциран, да има добри келнери, кувари, рецепционери, добри водичи кои што ќе знаат јазици итн, вели Јанкова.
Таа потенцира дека за развојот на руралниот туризам општините, инвеститорите и граѓаните можат да ги искористат европските фондови, кои даваат средства за негов развој. Во стратегијата за развој на турзмот се одредени локациите кои се туристички потенцијали, но не се атрактивни. – Ако вие немате пристапен пат, ако на пример немате на одалеченост на еден километар или на 500 метри амбуланта, затоа што доаѓаат туристи се може да се случи, ако немате телефонски линии, ако немате отпадот каде да се селектира или да се фрла. Значи многу фактори влијаат да една атракција е и туристичка атракција, вели Јанкова.
Таа забележа дека 90 проценти од туристите се одлучуваат да ги посетат местата откако добиле информации на интернет. Затоа, според експертите, општините мора да вложуваат во едукација на луѓето кои ќе се занимаваат со туризам.
Јанкова додава ако некој турист одлучи да ја посети тврдината Исар не е само да како што вели таа да ги види камењата туку треба водич да му ја раскаже приказната, потоа да има угостителски објект каде што туристите ќе останат и на крај да си купат сувенири.