Во рамки на ЕУ, Словачка со најголем удел на работници кои редовно работат во недела и ноќе

Од:

Во рамки на ЕУ, Словачка има најголем удел на работници кои редовно работат во недела и ноќе, предупредува аналитичарката на Поштенска банка Ева Саздовска врз основа на податоци од Евростат за 2012 година.

Речиси петтина (19,1 отсто) вработени Словаци заради работните обврски редовно го пропушта неделниот ручек со семејството.

Други 15,3 отсто повремено се на работа во недела, јавуваат словачки медиуми.

Во сабота секој четврти Словак (25 отсто) е на работа. Во сите држави од ЕУ работните саботи се почести отколку работните недели. Во сабота на работа најмногу поминуваат Грци, Романци и Италијанци, и тоа повеќе од третина вработени.

Редовни работни саботи и недели најмалку имаат Португалците (7,3 отсто односно 4,1 отсто). Викенд минат на работа во Словачка повеќе се однесува на мажите отколку на жените. Во сабота редовно работи секој четврти вработен маж или жена, се вели во податоци на Евростат. Во недела редовно на работа одат 21 отсто, а повремено повеќе од 17 отсто мажи.

Садовска предупредува дека Словаците имаат најголем удел во ЕУ во поглед на ноќна работа. Во ноќна смена одат речиси секој шести вработен Словак (16,2 отсто), а повремено уште шест отсто.

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски