Во првите два месеца од 2021 година Кина го зголеми извозот за 60,6 проценти

Од:

Кинескиот извоз во првите два месеца од годинава е зголемен за 60,6 отсто во споредба со истиот период минатата година. извозот е зголемен откако фабриките почнаа да работат, а светот полека се отвора по пандемијата со Ковид-19.

Според податоци на кинеската царина извозот забележал раст од 468,9 милијарди долари, пораст што не го превидеа ниту економските експерти.

Исто така е зголемен и увозот за 22,2 проценти односно за 365,6 милијарди долари.

Извозот во САД е зголемен за 87,3 отсто во првите два месеца од 2021 година и покрај воведените санкции кон Кина од страна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Од извозот во САД инкасирани се 80,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски