Во ноември 2012 за 5,9% повеќе туристи во однос ноември 2011

Од:

Во ноември минатата година во Македонија се регистрирани 34.756 туристи, со 80.580 ноќевања. Во однос на ноември 2011, бројот на туристите е зголемен за 5,9 проценти, а на ноќевањата за 11,4 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во ноември  лани споредено со ноември 2011. е зголемен за 21,4 проценти, а на странските туристи е намален за 2,7 проценти. Ноќевањата на домашните туристи бележат раст за 17,5 проценти, а на странските за 6,3 проценти.

Во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на истиот период од 2011 година, Статистика евидентира зголемен број на туристите за 2,9 проценти. Притоа, кај домашните туристи има намалување за 2,2 проценти, а кај странските зголемување за 7,8 проценти. Ноќевањата се намалени за 1 процент. Кај домашните туристи има намалување за 5,6 проценти, а кај странските зголемување за 7,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски