Во МојДДВ отсега повеќе дневни награди, но со помали износи

Од:

Граѓаните од денес скенираат за трипати поголем број на дневни награди преку МојДДВ, но износите ќе бидат намалени поради пренасочување на дел од буџетот на државната наградна игра во фондовите за справување со епидемијата, соопштија од Министерството за финансии.

Од денес до крајот на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди по 1.000 денари, велат од Финансии.

„Со цел да се поттикнат граѓаните да го дадат својот придонес во борбата против сивата економија, но и да се прилагоди #МојаНаграда на ситуацијата со COVID-19 кризата, 9,7 милиони денари од наградниот фонд ќе се насочат кон солидарните фондови на Министерството за здравство и Владата за здравствени и социо-економски мерки. Поради тоа, бројот на месечните награди ќе остане ист, но ќе се смали нивната вредност,“ се вели во соопштението.

По извлекувањето на 4 јули, кога по старо ќе се доделат 15 награди од по 100.000 денари, останатите кола до крајот на годината, односно од август до декември месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди, велат од Министерството.

Извлекувањето на втората премија, како што беше и првично предвидено, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, наместо 3.000.000 денари, како што беше првично планирано.

„Доделување на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија. Дополнително намалувањето на износите на месечните награди како и главната награда ќе овозможи сепак да продолжи наградната игра со поставените цели, но со помали износи на награди што пак ќе овозможи одвојување на одредени средства за поддршка за Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19,“ велат од Финансии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација