Во Македонија се возат седум години постари возила од просекот во ЕУ, новите се за функционери и државни институции

Од:

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) го претстави извештајот насловен „Возила на европските патишта“, кој дава преглед на тоа како се развива возниот парк на европските патишта.

Овогодинешното издание покажа дека сега има околу 290 милиони возила на патиштата во ЕУ и дека просечната старост на сите видови возила продолжува да расте. Автомобилите во ЕУ сега се стари 12,3 години во просек.

Во некои земји, автомобилите можат да бидат стари и до 17 години, како што е случајот во Грција (во просек 17,3 години) и Естонија (16,6 години). Најновите автомобили ги возат во Луксембург (7,9 години), и во Данска и Австрија (8,9 години). Што се однесува до Хрватска, според податоците на ACEA, просечното возило е старо 13,3 години.

На македонските патишта се возат стари возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година.

Најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и автобуси, чија просечна старост за 2022 година се искачила на 19,5 години, според податоците од Државниот завод за статистика. Во Македонија има околу 480.000 автомобили со просечна старост од 19,5 години. Околу 57 проценти од нив возат на дизел, а само 0,03 се електрични.

Улиците и тротоарите навидум се преполни од возила, но сепак сме под просекот од Европа, каде еден автомобил е на двајца жители, додека кај нас еден на четворица.

Во 2023 година во земјава влегле 9999 нови автомобили кои дилерските компании ги продале на физички и правни лица, покажуваат податоците од Царинската управа за 2023 година.

Ова се 1209 нови автомобили повеќе отколку во 2022 година, но бројките се сепак мали во однос увозот на половни или употребувани возила што на крајот говори за куповната моќ на граѓаните во овој момент.

Новите возила станаа луксуз за граѓаните, односно привилегија за функционерите и државните институции. Само годинава македонската влада ќе потроши 1,6 милиони евра за купување на 45 нови автомобили со оперативен лизинг од висока класа со зафатнина од над 2.000 кубни метри. Ваквата одлука предизвика негодувања и реакции во јавноста, особено што граѓаните се соочуваат со економска несигурност и недостаток на средства за основни потреби.

Во 2023 година, се донесени 33213 половни автомобили на автоплацевите ширум Македонија што е трипати повеќе отколку кај новите возила.

Најголема причина за ова, според експертите, е што државата не го субвенционира купувањето на ново возило со еколошко гориво како во многу земји, па граѓаните се одлучуваат да купуваат извозени и истрошени возила со просечна старост од 10 години и со многу опрема за која се плаќа висока царина.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

Ковачевски: Министрите чии роднини работат во М-НАВ си даваат ставови, не можам да им бидам портпарол

Грковска: Строгите ограничувања за подароци и други бенефиции ќе го јакнат интегритетот на јавните функционери и службеници

А1он

Прераспределба на Буџет: За повисоки плати на функционери 11,7 милиони евра, а за книги и лекови само 2,8 милиони

A1on

Во име на ЕУ, изгласано намалување на казните и за бивши и идни функционери во власта

A1on

Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ