Регистрацијата на фирма во Централниот регистар на Република Македонија, по уредно поднесена документација се врши само за два часа.
Андреа Поповски директор на Централен регистра на Република Македонија истакна дека со реформите што ги направи Владата од 2006/2007 година значително се поедностави постапката и се скрати времето за регистрација на фирма во Централниот регистар.
Ова, како што рече, се однесува на измените во Законот за трговски друштва, во Законот за едношалтерски систем, за водењето на Трговскиот регистар и за регистарот на други правни лица.
Поповски истакна дека со реализацијата на проектот „Едношалтерски систем“ втора фаза, Централниот регистар го воспостави системот за е-регистрација. Така целокупниот процес за регистрација од март досега оди електронски преку тој систем.