Во Луксембург најниската плата изнесува 1.932 евра

Од:

Најновите податоци на Европската канцеларија за статистика Евростат, покажуваат дека најниска минимална плата во Европската унија има Бугарија (184 евра), додека највисоката изнесува 1.932 евра или 11-ти пати повеќе, а ја добиваат работниците во Луксембург.

Во првата група со минимална плата под 500 евра се наоѓаат државите во источна Европа и Хрватска, додека во втората група со плата од 500 до 1.000 евра се Словенија и државите од јужна Европа, додека Германија, Велика Британија, Франција, нордиските држави и државите од Бенелукс се во групата со минималец повисок од 1.000 евра.

Во однос на 2008 година пад на минималната заработувачка е забележан само во Грција и тоа во износ од 14 проценти, во Ирска е на исто ниво, додека во сите останати држави на ЕУ минималната месечна заработувачка е зголемена.

Највисоко зголемување на минималната плата во периодот од јануари 2008 до 201 година има во Романија во износ од 95 проценти, потоа во Бугарија со 64 проценти, Словачка со 58 и Летонија со 57 проценти, велат во Евростат.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Луксембург нуди стипендии за магистерски студии на студенти од Балканот

Жарко Настоски

Заев од Луксембург добил безрезервна поддршка за европската иднина на Македонија

Жарко Настоски

Луксембург ќе прими 12 деца бегалци без придружба кои што се во Грција

Ана Ололовска

Од Франција и Луксембург вратени 49 албански државјани, баратели на азил

А1он

Аселборн: Унгарија му даде азил на деликвент

Ана Ололовска

Жителите на Луксембург најштедливи во Европа

Наум Локоски