Во Лондон има скоро милион милионери

Од:

Лондон го надмина Њујорк според бројот на доларски милионери и стана прв град во оваа категорија во светот, според годишното истражување за најбогатите луѓе во светот од страна на агенцијата за недвижнини „Најт Френк“.

Околу 875.000 граѓани на Лондон имаат по повеќе од еден милион долари, јави Гардијан.

Тоа практично значи дека секој десетти жител на главниот град на Велика Британија е милионер, што покажува дека постои голема разлика меѓу жителите, бидејќи повеќе од 2,5 милиони граѓани на Лондон живеат во сиромаштија (28 проценти), покажаа владини податоци.

Извештајот од студијата покажува дека 874.354 луѓе имаат недвижен имот, вредности и пари кои надминуваат еден милион долари, додека во второпласираниот Newујорк има околу 820.000.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Американските милијардери загубија 93 милијарди долари

Најбогатите луѓе на светот осиромашени за 50 милијарди долари

Ана Ололовска

Во светот веќе има над 20 милиони милионери

Ана Ололовска

Пекинг му го одзеде приматот на Њујорк според бројот на милијардери

Ана Ололовска

Џеф Безос четврта година по ред е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска