Во Франција во 2012 година укинати 66.800 работни места

Од:

Економската криза во Франција резултираше со укинување на 66.800 работни места во текот на 2012 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Само во последниот лански квартал бројот на работните места, со исклучок на аграрниот сектор, е намален за 28.100, додека во третото тримесечие биле улинати 41.700 работни места.

Во четвртиот е регистрирано намалување на бројот на работни места за 2,7 отсто, а во претходното тримесечие за дури 5,7 проценти.

Според статистичките податоци, месечните плати периодот октомври-декември 2012 се зголемиле за 0,2 проценти, со што за целата мината година примањата на вработените пораснале за 2,0 проценти. Во сито време, во 2012 година стапката на инфлација изнесувале 1,3 отсто.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна