Во Доха не беше постигнат договор за замрзнување на цените на нафтата

Од:

Средбата во Доха на министрите за енергетика на земјите производителки на нафта заврши синоќа без договор во однос на цените на „црното злато“.

Средбата имаше цел преку договор за замрзнување на производството во светски рамки да се стабилизира пазарот на нафта и да се зголеми цената на нафтата.

Министерот за енергетика на Катар, Мохамед бен Салех ал Сада изјави дека неговите колеги разгледале неколку механизми за замрзнување на производството, оцениле различни сценарија и заклучиле дека за донесување одлука е потребно повеќе време.

Според него, учесниците на средбата во Доха нагласиле дека фундаменталните показатели на нафтениот пазар се подобруваат и сега тој е постабилен, отколку во февруари.

Министерот за нафта на Нигерија Ибе Качиву изјави дека следната средба во истиот состав на земји членки и нечленки на ОПЕК ќе се одржи во јуни.

Вчерашната средба покжа дека главните противречности се меѓу Саудиска Арабија, највлијателната членка на ОПЕК и Иран, кој не сака замрзнување на производството, бидејќи сака да го почувствува ефектот од штотуку укининатите меѓународни санкции против него.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски