ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака да дебатира за зголемување на платите во јавниот сектор

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информира дека денеска Комисијата за труд и социјална политика не ја одржа најавената седница на која требаше да се расправа по Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија поднесен од пратеници од опозицијата поради неприсуство на пратениците од СДСМ.

Во соопштението наведуваат дека членовите и замениците членови од СДСМ и нивната коалиција не присуствуваа, односно ја бојкотираа работата на Комисијата и оти со тоа јасно покажаа дека не сакаат ниту да дебатираат за зголемување на платите во јавниот сектор.

Посочуваат дека овој закон предвидува зголемување на платите во јавниот сектор за 5 отсто започнувајќи со исплатата на платата за јануари 2018 година.

– Група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ овој закон го поднесе на почетокот на овој месец и истовремено се надевавме дека СДСМ позитивно ќе се изјасни за овој закон бидејќи сметаме дека е од голема полза за многу граѓани во Република Македонија и за подобруваже на животниот стандарт, стои во соопштението.

Додаваат дека наспроти нивните очекувања, очигледно е дека СДСМ смета дека зголемувањето на платите за 5 отсто во јавниот сектор не е од голема важност за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Здравковски: СДСМ и ДУИ потрошиле стотици милиони евра за патишта и пруги кои не ги изградиле

ВМРО-ДПМНЕ: 24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде

Мицевски ги повика турските партии да бидат дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски и Николоски му се заблагодарија на Мицкоски за предлозите да бидат министри

A1on

Најавени министрите од новата влада: Муцунски во МНР, Ристовски за спорт, Тошковски во МВР, Николовски за транспорт

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on