ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Капитални инвестиции нема, на што се трошат парите од Буџетот?

Од:

„Расипништвото на СДСМ си доаѓа по своето. Пред два дена владата се задолжи 12.7 милиони евра, за да врати пари со камата кои лани ги позајмила.

Не поминува месец без милионско задолжување. Се земаат милиони, а патем ништо не се прави, нема капитални инвестиции, сите проекти се запрени, а за нови нема абер. Реализацијата на капитални инвестиции од почетокот на годината, вклучително со јули месец е историски најниски 21.33%. Ова не е дно, ова е под дното.

СДСМ мора да одговори доколку капитални инвестиции нема, на што се трошат парите од Буџетот и од задолжувањата кои секој месец ги прават. Граѓаните заслужуваат да знаат каде одат парите кои сите ние заедно за некоја година треба да го враќаме со камати.

СДСМ треба да знае дека граѓаните нема да го плаќаат нивниот луксуз. Задолжување може да има само заради реализирање на капитални проекти и никао поинаку. Се друго е расипништво.

Неодговрното работење на СДСМ допринесе за првпат во историјата на државата јавниот долг да надмине 5 милијарди, а државниот 4 милијарди евра.

Ова е врв на неодговормо работење. И додека никој незнае на што се трошат народните пари, економијата тоне, а граѓаните живеат се полошо. СДСМ наместо празни флоскули и неработа треба да си замине, бидејќи во изминативе 15 месеци покажаа дека незнаат да ја водат државата. Република Македонија неможе да продолжи со СДСМ. Република Македонија мора да тргне напред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: За мене завршена е темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска

Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

(ВИДЕО) СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Горан Наумовски

Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи Филип Андов-Сокол, од затворот Шутка направил хотел

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери