ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го зголеми јавниот долг над 5 милијарди евра, со што за првпат е надмината границата од 50%

Од:

Неспособната власт повторно ја гледаме на дело, нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари е нешто над 1%. Од годишно планираните 420 милиони евра, власта вложила само 4.5 милиони евра, велат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројките сигнализираат дека власта и оваа како и претходната година нема да успее да ги реализира планираните капитални инвестиции.

Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции, значи помалку инфраструктурни проекти, помалку автопати, патишта, водоводни и канализациони мрежи. Помалку капитални инвестиции значи помал развој на економијата.
Две години откако СДСМ е на власт, а ниту еден капитален проект не е реализиран. Ништо 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта. СДСМ потфрли на инфраструктурен план. СДСМ не направи ништо за развој на државата. Две години само тонеме како држава.

Власта само расипнички се задолжува, а ништо од тоа не оди кај граѓаните. СДСМ го зголеми јавниот долг над 5 милијарди евра, со што за првпат е надмината границата од 50%.

СДСМ сериозно ја загрозува солвентноста на државата на среден рок, многу задолжување, а ниту еден проект“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра