ВМРО-ДПМНЕ: На статистиката на СДСМ и се кратки нозете

Од:

„На статистиката на СДСМ и се кратки нозете. СДСМ ги фризира податоците со висината на просечната плата и менува статистичка методологија само за да покаже некаков успех.

За жал успех нема. Економијата тоне, трошоците за живот растат, растат цените, стандардот опаѓа и граѓаните осиромашуваат. Тоа е она кое што граѓаните го гледаат секој ден.

Манипулациите на СДСМ не поминуваат.

Впрочем најдобар одговор за оваа весела математика и статистичкa вратоломниa на СДСМ е нивото на реализиран персонален данок на доход во Буџетот на државата што е доказ дека ова е само виртуелна реалност со која СДСМ манипулира.

Доколку постои пораст на просечната плата, во тој случај ваквата промена треба да се рефлектира и во буџетот.

Податоците на Министерството за финансии за јануари 2018 година покажуваат дека во буџетот се собрани 1 032 милиони денари по основ на Персонален данок на доход односно исто колку што се собрани и во јануари 2017 година.

Ова едноставно значи дека со растот на платите треба да расте и приливот на средства од персонален данок во буџетот, а гледаме дека тоа не се случува и истиот останува непроменет“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место