ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост

Од:

Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост.Предлог Буџетот од 5.3 милијарди евра е економски колапс за Македонија со вакви лоши економски показатели се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ усвоениот буџет за 2023 година кој денеска помина на седница на Владата.

– Дополнително дефицитот кој е проектиран на скоро 5% од БДП е опасност за економијата и одржливоста на системот. И сето тоа во услови кога растот на економијата е само 2.9%. Овој најголем до сега дефицит ќе треба да се покрива со нови задолжувања кои во услови на светска криза ќе бидат по се поголеми камати. Предлог Буџетот како што е преставен во јавноста повторно алудира дека власта ќе троши неконтролирано, без да се почитуваат принципите за фискална консолидација, што е можност за корупција и криминал. Власта нема ниту план како да се справува со инфлацијата која е помеѓу најголемите во Европа велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Прашање на време е кога ќе им се распадне, Филипче за владината коалиција

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение