ВМРО-ДПМНЕ до Костадинов: Економијата две години е на дното 

Од:

Граѓаните имаат се помалку пари, а трошоците за живот континуирано се зголемуваат, економијата две години е на дното, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„500.000 граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштија. Стандардот на граѓаните откако СДСМ  е на власт не се подобрува, туку се влошува.

Власта нема план како да ја придвижи државата напред. Само минатата година СДСМ ја задолжи Република Македонија за нови скоро половина милијарди евра, без граѓаните да знаат за што и како се потрошени парите кои ќе ги враќаат идните генерации.

Скоро половина милијарда евра нови задолжувања, а реализацијата на капитални инвестиции минатата година беше на очајни 65%, до сега најниско ниво на реализација, што било која влада го имала.

Наместо раст и развој, имаме само стагнација, немeсто розевите бројки од Бихаќка, СДСМ треба да ја погледне реалноста, во која граѓаните секој ден мака мачат како да го преживеат денот“, се наведува во реакцијата на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, велат од опозициската партија

А1он

Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

Катерина Ѓуровски