ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев наместо да се занимава со демагогија нека ги засука ракавите и нека почне да работи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавите на вице-премиерот Кочо Анѓушев.

„Вице-премиерот Кочо Анѓушев со денешната изјава покажува класично непознавање на материјата за која што е одговорен. Не само што има соработка на домашните со странските компании туку таа постојано се зголемува.

Факт број 1: во Македонија има над 100 странски компании кои што вработуваат 22 000 граѓани. Поголемиот дел од нив соработуваат со најмалку 500 домашни компании на годишно ниво.

Факт број 2: околу 55 милјони евра домашните компании заработуваат годишно како резултат на соработката со странските компании

Факт број 3: во изминатите 10 години се привлечени странски инвестиции во висина од 2,6 милјарди евра во време на СДСМ немаше ниту една странска инвестиција

Факт број 4: од 1 јануари до 1 јуни оваа година под услови на тешка политичка криза владата обезбеди 6 инвестиции кои што потенцијални ќе вработат 3000 граѓани.

Поминува 1 месец од владеењето на владата на СДСМ цела влада со повеќе министерства не успеа да вработи ниту едно ганапче, а камо ли да отвори странска инвестиција. Кочо Анѓушев наместо да се занимава со демагогија нека ги засука ракавите и нека почне да работи“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тошковски и Николоски му се заблагодарија на Мицкоски за предлозите да бидат министри

A1on

Најавени министрите од новата влада: Муцунски во МНР, Ристовски за спорт, Тошковски во МВР, Николовски за транспорт

A1on

Љутков: Очекувам гласање за новата влада во Собранието околу 20 или 22 јуни

A1on

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ги соопшти имињата на новите министри и заменици

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ станува изолирана партија, огромно двотретинско мнозинство во собранието поддржа системски закон

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Славјанка предремаа седум годишна брутална злоупотреба од ДУИ