ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ги соопшти имињата на новите министри и заменици

Од:

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска, доцна попладне, треба да ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“ што пред партиските тела ќе ги претстави лидерот на партијата и мандатар за состав на новата влада, Христијан Мицкоски.

Седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19:00 часот, а во 20:00 часот пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, изјава за медиумите ќе даде Мицкоски.

Новата македонска Влада, според најавите, треба да биде избрана наредниот викенд, 22-23 јуни.

Своите кандидати што ќе седнат на „Илинденска“ број 2, министерските и заменичките министерски места во идната Влада, досега официјално ги соопштија движењето Беса, Алтернатива, кои се дел од коалицијата „Вреди“ од албанскиот политички блок, и Движењето ЗНАМ зад кое стои Максим Димитриевски.

Владата, која по донесувањето на Законот за нејзина реорганизација, наместо досегашните 16, ќе брои 20 министерства.

Од Алтернатива синоќа соопштија дека централното претседателство едногласно донело одлука за министер за европски прашања да го предложат ексдиректорот на МЕПСО и на „Македонски железници – транспрот“, Орхан Муртезани, а Лулзим Алиу и Сафије Садики-Шаини се кадрите што партијата ги предлага за заменик-министри во министерствата за образование и наука и за етнички заедници.

Предлози за министри во Министерствата за правда и за јавна администрација ги соопшти движењето ЗНАМ –  за министер за правда е предложен Игор Филков, додека кандидат за прв човек во Министерството за јавна администрација е Горан Минчев.

Своите кандидати за раководните позиции во три ресори ги соопшти движењето Беса. Фатмир Лимани е кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, а Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам.

Претседателот на Демократско движење, кое е дел од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, во понеделникот најави дека веројатно тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.

Според Меџити, сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење е Арбен Фетаи, кој беше од крилото на Таравари во Алијансата за Албанците.

Официјалниот состав на идната влада со министерските позиции и програмата за нејзината работа ќе бидат доставени во Собранието во вторник, на 18 јуни.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ се разочарани што СДСМ не го честиташе Денот на македонската револуционерна борба

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС можат колку сакаат да испуштаат крици за спас на нивните кадри, но одговорност и професионализација на системот ќе има

ВМРО-ДПМНЕ: По целосната партизација од страна на СДС на безбедносните служби, следи нивна професионализација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економијата