Влегувањето на Холандија со 12,68 отсто во капиталот на ЕР Франс-КЛМ предизвика незадоволство во Париз

Од:

Преземањето од страна на холандската држава на 12,68 отсто од капиталот на „Ер Франс-КЛМ” е „непријателска” и „изненадувачка”, операција изјави денеска извор во француското Министерство за економија, асимилирајќи ја оваа изненадувачка операција на техниките на „трејдери“, јавува дописникот на МИА од Париз.

„Начинот на кој е стекната оваа позиција потсетува на техниките на трејдери а не на државни акционери, и е многу изненадувачки и непријателски кон Управниот совет на „Ер Франс “и другите акционери меѓу кои и француската држава, кои не биле однапред известени за оваа одлука на холандската држава “, вели министерството за финансии на Франција.

Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер ќе се сретне со неговиот холандски колега за време на викендот, изјави портпаролот на владата на Бенжамин Гриво.

– Бруно Ле Мер ќе го прими овој викенд неговиот холандски колега за да имаат искрени и пријателски разговори, но искрени, за прашањето за зголемувањето на капиталот на Ер Франс-КЛМ од холандската влада, изјави Бенжамин Гриво по Советот на министри.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика холандската влада „да ги разјасни своите намери”.

„Владата (француската ) не е информирана за оваа одлука и нејзиното спроведување…сега е на ред холандската влада да ги разјасни своите намери, рече Емануел Макрон пред разговорот со канцеларката Ангела Меркел. „Она што е важно(… е да биде зачуван интересот на претпријатието, додаде тој.

Холандскиот министер за финансии Вопке Хокстра соопшти дека Холандија влегла во капиталот на Француско-холандската авиокомпанија, додавајќи дека таа веќе се стекнала со 12,68 отсто за 680 милиони евра и дека таа планира да го зголеми учеството на околу 14 проценти.

Француската Влада, кој не беше информирана за оваа иницијатива, во моментов е најголемиот акционер на групата со 14,3 отсто од акциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации