Владата одлучи: Јунските пензии ќе се исплаќаат од 27 овој месец

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26.06.2023 година.

Се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.06.2023 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.06.2023 година (вторник);
за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2023 година (четврток) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок).

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски