Владата најавува мерки за намалување на ценовниот шок, но и за фирмите погодени од кризата

Од:

Ќе се намалува маржата за дел од производите, за други целосно ќе се укине. Целта е да се намали ценовниот шок, а мерките кои се подготвуваат ќе се презентираат утре. Поради зголемените цени на нафтените деривати, Владата има мерки и за во овој сектор. Со механизми, како што велат оттаму, ќе се обезбеди и помош на фирмите за да не отпуштаат вработени поради кризата.

„Владата на Република Северна Македонија ја следи состојбата и промените во светските економски текови, со фокус да одговориме на сите предизвици, а во интерес да се заштити домашната економија и секако финансиската состојба на граѓаните. Ќе излеземе со мерки фокусирани на граѓаните и за задржување на ликвидноста на стопанството и на работните места, како и со мерки за ранливите категории за ублажување на ценовните шокови“, велат од Владата од каде посочуваат дека и досега превенирале сериозни ценовни шокови.

Засега, познато е само дека ќе се прошири листата на производи кои нема да смеат да се продаваат по цена за која ќе одлучат маркетите, туку истата ќе биде креирана согласно одредената маржа од Владата. Неофицијално, ќе има и изземање на производи кои досега беа со маржа. Исто така, Владата треба да каже дали ќе прифати маржата за трговија на големо да биде 10 проценти наместо досегашните 5 проценти, а за мало да биде 20 проценти наместо досегашните 10 проценти.

Би можело да ве интересира

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Маркетите од петок ќе ги мора да ги објавуваат цените на веб страниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

„Црн петок“ за македонските маркети, граѓаните најавија бојкот, инспекторите на терен

На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите в петок

Горан Наумовски

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он