Владата на Србија привремено го затвара царинскиот терминал во Прешево

Од:

Српското Министерство за финансии, Царинската управа, објави дека го затвара царинскиот терминал во Прешево поради опаѓање на увозот-извозот. Царинењето, наместо во Прешево, ќе се врши во градот Врање, на околу 40 километри од српско-македонската граница.

Од Управата на Царината на Србија денеска одговорија дека терминалот во Прешево не е укинат, туку поради технички проблеми привремено е запрен со работа.

-Причината за престанок со работа на оваа царинска испостава од 25-ти ноември е од техничка природа, сè додека не се постигне соодветно решение за непречено продолжување на работата, појаснуваат од Царината.

Во Царинската управа оценија дека економијата на југот на Србија нема да има штетни последици, бидејќи царинењето на стоките може да се врши под исти услови на најблиската царинска испостава во Врање или во која било друга филијала која бизнисмените ќе ја изберат.

-Затварањето на овој терминал е штетен, реагираше Бесник Садику-шеф на Финансиската служба во Прешево, како дел од реакциите во Прешевската долина, каде сметаат дека оваа одлука има политичка заднина, пренесе РТК 2.

Во подрачното одделение во Прешево имало 13 цариници и сите се распоредени во други организациски единици на царинската испостава Ниш, земајќи го предвид местото на живеење.

-Привремениот престанок на работата на царинската испостава Терминал Прешево ќе трае само до распишувањето на јавен повик од страна на Царинската управа за изнаоѓање на долгорочно решение за потребите на локалните бизнисмени, нивните претставници во царинската постапка и сите ангажирани државни служби, а се со цел поефикасен развој на економијата во овој регионот , порачаа од Царинската управа на Србија.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски